Али Ахмети: Сите наши штабови се во служба на победата на Пендаровски
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, се состана со амбасадорот Клеменс Која, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје, и му нагласи дека неговата партија во пракса ги ставила своите ресурси за заедничкиот кандидат на владеачката коалиција Стево Пендаровски на претседателските избори.
„Во врска со претседателските избори, Ахмети најави дека сите изборни штабови на ДУИ во секоја општинска единица веќе се формирани и се функционални во служба за освојување победа на заедничкиот консензуален кандидат. Ахмети и Која, исто така, разговараа за случувањата во регионот и Конгресот кој ќе треба да се одржи по завршувањето на изборниот процес ", се вели во соопштението на ДУИ.
Ахмети елаборираше за политичката ситуација во земјата и регионот, владеењето на правото, претседателските избори и други теми од заеднички интерес.
Ахмети го поздрави напредокот на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор на многу повисоко ниво во трансформација во министерство.
