Економија, финансии, бизнис

Контакт

Али Ахмети се приклучи во движењето „Антикоцкање“

Али Ахмети се приклучи во движењето „Антикоцкање“

Али Ахмети, лидерот на ДУИ, се придружи кон движењето „Антикоцкање“ кое иницира акон со кој треба да се ограничи работењето на обложувалниците и коцкарниците на фреквентни површини во населените места, односно пред училишта, факултети и верски објекти.

- Во овој фронт ќе бидеме заедно бидејќи тоа е а доброто на сите. Апелираме до тие кои мислат дека имаат добивка од оваа дејност сами да се одалечат од населените места, училиштата и најфреквентните места каде што се движат граѓаните - рече Ахмети на синоќешниот собир на движењето.

Во моментов повеќе пратеници работат заедно со организацијата на иготвивање на новиот Закон за игри на среќа, а најмногу кочи согласноста околу растојанието на одаллеченоста. Граѓанската организација тврди дека одалеченоста треба да биде 3 километри, додека аконодавците сметаат дека таа треба да изнесува од 500 метри до 1 километар.

Слично

Поврзани вести