Економија, финансии, бизнис

Контакт

Али Ахмети: СДСМ не поддржа во Тетово, Гостивар, Кичево и Чаир

Али Ахмети: СДСМ не поддржа во Тетово, Гостивар, Кичево и Чаир

Али Ахмети, претседателот на ДУИ, денеска на трибина во Охрид ги повика своите гласачи да го поддржат Стево Пендаровски за претседател на Македонија, но и Константин Георгиевски, кандидатот за градоначалник на локалните избори.

„Демократската Унија за Интеграција во градот Скопје, Куманово и Охрид даде поддршка за кандидатите на владиниот партнер, додека ние добивме поддршка каде во трка беа нашите кандидати, во Тетово, Гостивар, Кичево и Чаир. Воедно заедно го спроведовме и референдумот, еден многу важен момент бидејќи се одлучуваше за тоа дали ќе се оди напред или ќе се вратиме назад“, рече Ахмети.

ДУИ нема свој кандидат за градоначалник на Охрид на локалните избори кои ќе се одржат истовремено со претседателските и ќе застане зад Георгиевски.

Слично

Поврзани вести