Економија, финансии, бизнис

Контакт

Али Ахмети: Разговаравме со Заев, можно е да се надминат недоразбирањата

Али Ахмети: Разговаравме со Заев, можно е да се надминат недоразбирањата


Лидерот на ДУИ Али Ахмети ги омекна ставовите околу изборот на претседателскиот кандидат. По средбата со премиерот Зоран Заев, кој вчера рече дека е подготвен да ги здружи силите со сите политички партии за соодветен кандидат, Ахмети вели дека заеднички го бараат консензуалниот пат за претседателските избори во април, односно мај.

- Имав средби со лидерот на најголемата партија во земјата, г-дин. Зоран Заев со кој ја анализиравме целата ситуација и останавме да дискутираме, да го отвориме како прашање во партиските органи и да ја видиме можноста да ги поправиме овие недоразбирања што се случија меѓу нашите партии, за да можат да се надминат. И во корист на земјата би било да имаме заеднички кандидат и да разговараме со сите политички партии, за да го постигнеме тој консензус ", рече Али Ахмети, претседателот на ДУИ.

Ахмети додаде дека ако се надминат недоразбирањата помеѓу ДУИ и СДСМ, ќе се дискутираат можните имиња за кандидатот. Од друга страна, премиерот Зоран Заев додаде дека партискиот конгрес е на 3 март, а потоа ќе се одлучи за прашањето за претседателскиот кандидат. 


Слично

Поврзани вести