Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЛИ АХМЕТИ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА - прв круг Липково, Сарај и Пласница, предност во Тетово, Чаир, Кичево, Струга

АЛИ АХМЕТИ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА - прв круг Липково, Сарај и Пласница, предност во Тетово, Чаир, Кичево, Струга

Лидерот на ДУИ Али Ахмети се обрати пред своите фанови од седиштето на партијата во Мала Речица, прогласувајќи победа во три општини, но и голема предност во многу други општини.

„Изборите се рефлексија на демократијата во една држава, овој процес помина во најдобар ред, сакам да им честитам на сите натпреварувачи на овој натпревар. Посебно вечерва сакам да им честитам на сите членови на ДУИ за оваа победа на ДУИ после таа победа од 2020 година на парламентарните избори, каде се покажа уште еден успех, притоа зголемувајќи го бројот на гласови за својата партија“, рече Ахмети. 

Тој им честиташе на сите шефови на изборни штабови, локални, општински, централниот изборен штаб, на сите, како што рече, нивни верни гласачи кои се определиле за духот, за агендата на животот на ДУИ претставена пред избирачите. 

„Почитувни ДУИ победи уште во прв круг во општина Липково, со длабок резултат, со исто таков резултат во општина Сарај, исто со голема разлика во општина Пласница, ДУИ е во значителна предност во Тетово, Чаир, Кичево, Струга, Желино, Теарце, Боговиње, Арачиново, Долнени, во Дебар се оди во втор круг, во Гостивар е зголемен нашиот фонд на гласови за 100 отсто, но се уште немаме конечни резултати за Гостивар. Во Чашка, исто така одиме во втор круг, со Предност. Врапчиште исто така одиме во втор круг“, рече Ахмети. 

Слично

Поврзани вести