Али Ахмети: Почина Бранко Синадиновски, основачот на Верската заедница на православните Албанци
Али Ахмети, лидерот на ДУИ, објави дека почина Бранко Синадиновски, контроверзниот основач на неофицијализираната Верска заедница на православните Албанци од Македонија.
„Заминувањето на Бранко Синадиновски од овој свет остава празнина во напорите за духовна и национална катароза на православните Албанци во нашата земја, но тој остави и неизбришливи траги и дела во историјата на Албанците воопшто и на православните Албанци особено.
Делата што ги напишал ќе продолжат да ги едуцираат следните генерации. Во овие моменти на тага, изразувам искрено сочувство до неговото семејство, роднините и сите оние што го познаваа“, соопшти Ахмети.
Пред две години во полициската станица во населбата" Аеродром " беше пријавено дека физички е нападнат контроверзниот Синадиновски. Според првичните информации тој е физички нападнат во близина на неговиот стан во населба Аеродром. Причините и напаѓачите се сеуште непознати.
Синадиновски стана познат за јавноста последниве години, по декларирањето на неговото етничко потекло и поддршката за основање на Верска заедница на православните Албанци во Македонија. Синадиновски по потекло е од Беличица, Горна Река, во регионот на Маврово во Македонија.
