Економија, финансии, бизнис

Контакт

Али Ахмети по сугестија на амбасадорите го стави државното знаме во кабинетот

Али Ахмети по сугестија на амбасадорите го стави државното знаме во кабинетот

По 24 години од основањето на Демократската унија за интеграција, државното знаме за прв пат е поставено во канцеларијата на лидерот на партијата, Али Ахмети. Знамето е видено за време на средбата со австрискиот амбасадор, Мартин Памер.

Во изјава за Тетова сот, Ахмети ги објасни причините за оваа одлука, нагласувајќи дека отсекогаш бил за унитарна држава и дека поставувањето на државното знаме никогаш не му претставувало проблем.

„Отсекогаш сум бил за унитарна држава, тоа беше и предлог на странските амбасадори во земјата, бидејќи на средбите со нив ми беше предложено државното знаме на Северна Македонија да биде поставено во мојата канцеларија“, изјави Ахмети за порталот TS.

Според него, овој потег е во согласност со верувањето дека државата им припаѓа на сите граѓани и дека државните симболи мора да се почитуваат.


Слично

Поврзани вести