Економија, финансии, бизнис

Контакт

Али Ахмети: Плаќам политичка цена од наводниот скандал со пензиите

Али Ахмети: Плаќам политичка цена од наводниот скандал со пензиите

Али Ахмети, лидерот на ДУИ, вели дека плаќа политичка сцена од обелоденетиот скандал со пензиите. Тоа што министерката за труд и социјална политика Мила Царовска објави дека со години наназад огромна сума на придонесе не се префрлувале во вториот пензиски столб, за Ахмети е специјална војна против ДУИ.

- И невладините организации и медиумите и политичките партии сите станале oбвинитeли и сите обвинуваат за кpaдење и за нечисти работи, а никој од нив не оди да пријави во oбвинитeлcтво. Еве на пример да го земеме последниот случај каде што излегува министерката без никаква одговорност и вели дека се изгубени 19 милиони евра во пензискиот фонд. Јас оваа порака ја сфаќам како една специјална вojнa против дуи, бидејќи случајно се погодиле директорите да бидат на ДУИ. Нека оди во oбвинитeлcтвo, тоа се 19 милиони евра. Излегува денес и вика дека било техничка грешка, но за таа техничка грешка јас плаќам политичка цена, вели Ахмети во интервјуто за вториот канал на МРТ.

Инаку Царовска поднесе пријава до Обвинителството откако објави дека Владата ќе ги обештетува идните пензионери со 19 милиони евра, чии придонеси не биле префрлени во вториот пензиски столб. Споменатиот период од аферата опфаќа тројца директори на ДУИ на ПИОМ.


Слично

Поврзани вести