Али Ахмети објави декларација против „моноетничко владеење“
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска на средбата на Европскиот фронт објави декларација „против моноетничкото владеење“, со која тој рече дека ќе го извести Брисел и другите европски центри, како и главните градови на земјите од регионот.
Со документот целта е да се известат домашните и европските институции дека тие за себе се сметаат дека се легитимни претставници на Албанците и другите етнички заедници и затоа сметаат дека треба да влезат во Владата
Ахмети попладнево ги собра на иста маса осумтемина партнери од Европскиот фронт и највисоките тела да дискутираат за политичката состојба
Сите земаа збор од говорница и сите заеднички го делат ставот дека се победници кај другите етнички заедници и дека се крши Охридскиот рамковен договор
Али Ахмети ја прочита интегрално декларацијата
Повторуваме дека владините коалиции треба да бидат определени од двете најголеми етнички заедници на земјата како и од легимитните претстваници на другите заедници по парламентарните избори, прочита лидерот на ДУИ.
