Али Ахмети не си остана на ветувањето за оставката, ДУИ ќе му дава уште еден мандат
Претседателот на ДУИ, помалиот коалиционен партнер во Владата, за денеска свика состанок во Тетово на кој треба да се дискутира за претстојниот партиски конгрес и предвремените парламентарни избори.
Високи партиски извори за „Фокус“ велат дека на конгресот на 21 декември во спортската сала „Кале“ во Скопје ќе му биде даден уште еден мандат на лидерот на ДУИ, а освен тоа же се избира генерален одбор, ќе се донесе нов статут, платформа и неколку резолуции.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, прет претходните парламентарни избори во 2016 рече дека ќе си даде оставка само кога Македонија ќе влезе во НАТО, но не и за пораз на истите. Во емисијата „Патот кон“ на Алсат рече дека неговата мисија ќе биде завршена само кога земјата ќе биде дел од оваа воено-политичка структура.
„Кога Македонија ќе добие покана и ќе влезе во НАТО, тоа сигурно ме става во ситуација да го гледам крајот на мојата мисија, зашто мислам дека е обезбедено со воено-политички механизам“ истакна претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Македонија се очекува на почетокот на следната година и официјално да стане членка на Алијансата, а за тоа се чека само уште да се создаде стабилно парламентарно мнозинство во парламентот во Шпанија пред ратификувањето на пристапниот протокол.