Економија, финансии, бизнис

Контакт

Али Ахмети не сака да го навредуваат граѓани на контактните емисии

Али Ахмети не сака да го навредуваат граѓани на контактните емисии

ДУИ се огласи со реакција дека партискиот претседател Али Ахмети немал ништо против македонските телевизии, туку е противник на тоа што им се дозволува на граѓаните кои се јавуваат во контактните емисии и искажуваат навреди.
Во соопштението на ДУИ се вели дека министерот за надворешни работи бил нарекуван „Бугар Османи“, додека кон првиот вицепремиер биле упатувани навреди како „терористот“. Навреди претрпувал и самиот лидер на ДУИ.
„На синоќешниот собир со граѓаните во Гостивар, претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети зборуваше за недостигот на ангажман од страна на македонските политички партии со граѓаните во контекст на односите со Албанците, затоа што е вознемирувачка омразата кон албанските лидери на државните институции, која се прикажува од македонските граѓани во контактните емисии на македонските телевизии со етикети како Бугар Османи, Артан Груби терористот, навреди кон самиот Али Ахмети и другите.

Тоа е последица на неработењето на македонските политички партии со граѓаните и намерното продлабочување на поделбите помеѓу народот.

Г-дин Ахмети не спомна непријателски медиуми, туку агресивни непријателски тонови од страна на граѓаните, поттикнати од политичките партии во контактните емисии на овие телевизии.

Господинот Ахмети и ДУИ се сојузници на медиумите, граѓанското општество и слободата на говорот, а тоа го имаме докажано во изминатите 22 години во нашето секојдневно дејствување“, порачува ДУИ.

Слично

Поврзани вести