Економија, финансии, бизнис

Контакт

Али Ахмети мисли исто како и Мицкоски

Али Ахмети мисли исто како и Мицкоски

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, исто како и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, верува дека потребниот цензус ќе биде постигнат во вториот круг од претседателските избори. Ахмети рече дека кампањата на неговата партија за поддршка на кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, не е пасивна и неговата партија ќе биде посветена на мобилизирање на сите свои членови за успешна кампања и позитивен резултат на 5 мај.

- Организацијата е на ниво, сите членови се задолжени со задачи и верувам дека успехот ќе биде комплетен. На 5-ти мај, ќе бидеме успешни и ќе испратиме пораки до меѓународната заедница дека сме сериозна, добро организирана држава, бидејќи на 5 мај во вториот круг се гласа и за забрзување на членството на нашата земја во НАТО и во ЕУ. И покрај тоа што не сметаме дека изезноста била недоволна, партиските органи одржаа состаноци и ги издадоа директивите за мобилизација за 5-ти мај - изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, смета дека вториот круг ќе ја достигне потребната излезност од 40 отсто од гласачкото тело и граѓаните ќе го изберат претседателот. Запрашан дали ќе биде одговорен ако Гордана Силјановска Давкова не победи на изборите, Мицковски рече дека по изборите ќе се направи анализа на резултатите, иако според него, првиот круг сведочи дека ВМРО-ДПМНЕ е консолидирана партија.

Претходно и премиерот Зоран Заев рече дека нема да има политичка криза, односно дека нема да се случи да не се избере претседател на Македонија на 5 мај.


Слично

Поврзани вести