Економија, финансии, бизнис

Контакт

Али Ахмети кажа кои политичари го советувале да се вклучи во политиката

Али Ахмети кажа кои политичари го советувале да се вклучи во политиката

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за Тв 21 вели дека во 2001 година воопшто не планирал да се вклучи во политика. 

Вели дека целта била да се подобрат правата на Албанците. 

„Тогаш предложив координативно тело кое ќе ги следи политиките за подобрувања на правата на Албанците. Но, ова тело не профункционира. Тогаш на состанок ми дојдоа Арбен Џафери од ДПА и Имер Имери од ПДП во штабот и ми рекоа – „г-дине Ахмети направи своја куќа“, мислејќи на моја партија. Тогаш, поранешните борци на ОНА потпишаа писмо со кое бараа формирање на нова партија и така се формира ДУИ“, истакна Ахмети.

Вели дека му било наметнато формирање партија. ДУИ сега ќе се промовира како „зелена партија“. Велат дека другите стратешки цели се постигнати. 

Слично

Поврзани вести