Економија, финансии, бизнис

Контакт

Али Ахмети: Идејата за прв премиер Албанец нема врска со ДУИ

Али Ахмети: Идејата за прв премиер Албанец нема врска со ДУИ

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска ја претстави својата предизборна идеја за првиот Албанец за премиер на Македонија.

„Сега е време да продолжиме да сонуваме. За поголеми соништа, затоа што дојде време да постигнеме уште повеќе. Северна Македонија е нашата земја. Местото за кое се боревме. Имаме еднаков удел во историјата, наследството, економијата и иднината на нашата земја. Сега е време за целосна еднаквост, за преземање одговорност за водење! Време е првиот албански премиер во Северна Македонија!“, рече Ахмети. Ахмети додаде дека оваа идеја е поголема од која било партија.

Во оваа прилика, Ахмети истакна дека оваа идеја е поголема од која било партија.

„Ова е повик за сите албански партии и сите албански и други граѓани, да ја поддржат нашата кауза, која е поголема од сите нас “, изјави Ахмети.

Тој наведе дека оваа идеја не треба да ја спроведува ДУИ туку да се формира движење кое ќе го засили јавното мнение.

„Оваа идеја нема никаква врска со ДУИ и секако не со мене. Јас сум тука да го продолжам животот на процесот, да го водам концептот, да станам мост и да го трасирам патот, создавајќи услови за реализација на сонот, додека на вас останува да го спроведете. Јас ќе посеам за да можете да жнеете“, порача Ахмети.


Слично

Поврзани вести