Али Ахмети: Груби сам ќе се повлече од органите на партијата
Шефот на ДУИ, Али Ахмети денеска на протестот пред Уставен суд беше прашан за статусот на Артан Груби по ставањето на американската „црна листа“, на што рече дека не ја оспорува одлуката на американскиот Стејт департмент и дека поранешниот вицепремиер сам ќе се повлече од своите партиски функции.
Ахмети нагласи дека „Груби има право да се жали и дека сам ќе ги напушти партиските функции“, пренесува Телеграф Македонија.
„Не ја оспоруваме одлуката на Стејт департментот. Груби има право на жалба, тој ќе го почитува процесот според фактите затоа што ова право е признаено во одлуката на Стејт Департментот и сигурно нема ни да му наштети на неговото семејство ДУИ, се додека овој процес нема краен епилог“.
Мислам дека Груби е одговорен и совесен, нема потреба да го отстраниме од партијата, секако дека сам ќе се повлече“, рече Ахмети.
Груби беше ставен на американската „црна листа“ заедно со судијата Енвер Беџети, во случај поврзан со поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, кој исто така пред две години беше ставен на „црната листа“.
