Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЛИ АХМЕТИ Е ГОЛЕМ ПЕСНОПЕЕЦ, ЕВЕ КОЈ Е СЕГА НЕГОВИОТ ИЗБОР - ја опејува борбата на Албанците против...

АЛИ АХМЕТИ Е ГОЛЕМ ПЕСНОПЕЕЦ, ЕВЕ КОЈ Е СЕГА НЕГОВИОТ ИЗБОР - ја опејува борбата на Албанците против...

Осамна ново видео на кое се гледа и слуша каков песнопеец е лидерот на Демократската унија за интеграција, а го објави на социјалните медиумио неговиот сопартиец и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби. 

Од видеото се слуша како Ахмети ја пее албанската песна позната како „Лошиот Хисен“, а во неа се „опејува“ борбата на Албанците со пушки и со барут против „Шкиите“, погрден збор за словенските народи, каде што, како што е познато, влегуваат и македонскиот и српскиот народ.

На видеото се гледа дека дури и го зголемува тонот кога ја слуша неговата омилена песна.

„Чисто за забава. Гласајте за број 4. Европски фронт. Заедно“, напиша Груби под видеото.

Видеото можете да го погледнете на инстаграм, подолу

View this post on Instagram

A post shared by Artan Grubi (@artangrubi)



Слично

Поврзани вести