Економија, финансии, бизнис

Контакт

Али Ахмети: Дебатата во ДУИ е завршена

Али Ахмети: Дебатата во ДУИ е завршена

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, оценува дека отчетноста во ДУИ пред „огнената група“ е извршена според сите процедури. Анализирани и дискутирани се сите аргументи и контрааргументи внатре во партијата за отчетноста на министрите.

„Дебатата не престана. Дебатата заврши“, изјави Ахмети синоќа во гостувањето во телевеизијата Клан Македонија.

Лидерот на ДУИ ја демантира „огнената група“ во партијата дека тој е оној кој ја внесува Алијансата за Албанците во Владата, Според Ахмети, идејата за заедничка влада со албанската опозиција е постара и се разговарало 3 или 4 години, пренесува Клан Македонија.

„Ова нема никаква врска со противпожарната бригада. За оваа иницијатива се зборува веќе 3-4 години. Се сретнав со г. Зиадин Села, со господинот Тачи, со г. Билал Касами. Сите ги знаат моите ставови за овие случувања и тоа нема никаква врска со огнената група“, изјави Ахмети

На прашањето за богатите функционери на ДУИ и потребата да се започне истрага за ова богатство, Али Ахмети во Клан Дебата изјави дека претходно побарал ветингот да почне лично од него. Тој посочи дека ДУИ не е истражен орган

„Им кажав на сите, вие сте го виделе доброто на ДУИ, сте ги образувале вашите деца, ги воспитувате вашите деца и не се задржувајте на добрите работи што ги видовте од ДУИ. Без разлика, ова им го кажав на средбата“, рече меѓу другото Ахмети во емисијата Клан Дебата.



Слично

Поврзани вести