Али Ахмети: Албанците се одговорни и знаат дека треба да излезат на референдумот
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, е убеден дека Албанците позитивно ќе се изјаснат на референдумот, кој треба да се одржи на есен. Ахмети рече дека решението на спорот за името е од голема важност, бидејќи со тоа се обезбедува иднината на Македонија.
“Јас мислам дека Албанците се одговорни, ја знаат важноста на ова големо прашање за иднината на Албанците во Македонија и на самата земја и позитивно ќе одговорат на референдумот. Ќе учествуваат на референдумот, кој ќе стави печат на еден многу важен процес за иднината, за перспективата, а воедно и голем придонес за мирот, стабилноста, безбедноста и иднината на оваа земја“, изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.
Слично
