Али Ахмети: 2020 беше успешна за ДУИ, го превзедовме „забранетото јаболко“ МНР
Али Ахмети, претседателот на ДУИ, во своето синоќешно гостување во емисијата на ТВ Клан ја оцени 2020 како успешна година за неговата партија, по превземањето на неколку ресори во Владата.
- 2020 година на политичкиот план можам да ја прогласам за успешна година. Постигнавме големи цели што ги имавме во последната деценија, како во однос на правичната застапеност во повисоките државни институции, така и во правилното организирање на државните институции, така што слободно можам да кажам дека остваривме значителни успеси, т.е. за Албанците. Министерството за надворешни работи беше забрането јаболко, го презедовме Министерството за финансии, го имаме првиот вицепремиер, ја реализиравме и обезбедивме позицијата премиер како главни стратешки и политички цели на Албанците во Република Северна Македонија, рече Ахмети во емисијата Клан Дебат
Што се однесува на прашањето со Бугарија, Ахмети рече дека бугарската страна гледа на постигнатиот договор со Грција, како на спогодба која е во многу понапредна фаза со решени повеќе детали споредено со Договорот за добрососедство и затоа тука работите се промениле.
- Малку по малку почнаа да добиваат и емотивни насоки, па сега страните се принудени да преговараат откако бугарската страна стави вето на почетокот на преговори со Европската Унија, рече лидерот на „Интегративците“.
Ахмети се надева дека во првите месеци од 2021 година прашањето со Бугарија ќе биде затворено,
