Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алексоски: Живаљевиќ сака преку мене да обезбеди алиби и да го оправда непрофесионалното однесување

Алексоски: Живаљевиќ сака преку мене да обезбеди алиби и да го оправда непрофесионалното однесување

Советникот за национална безбедност на претседателот Ѓорѓе Иванов, Синиша Алексоски во изјави за МИА изјави дека не е овластено лице кое дава одобрение за престој во Собранието ниту во друг орган на државната управа. 

Неговата изјава е по тврдењето на српскиот разузнавач, Горан Живаљевиќ кој го посочи Алексоски како лице кое му дало одбрение да биде во Парламентпт за време на насилствата на 27 април. 

„Сметам дека тоа го направил за преку мене да обезбеди алиби и да го оправда неговото неовластеното и непрофесионално однесување, спротивно на законите во Република Македонија. Сакам да истакнам дека јас не ја знам причината за неговиот престој во Собранието “- вели Алексоски.

Тој додава и дека не ја знае причината за неговиот престој во Собранието.

Слично

Поврзани вести