Алексис Ципрас: Сите коментатори на Европското првенство велат „Северна Македонија“, ФФМ не мора да го менува логото
Според поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, кој наедно е потписник на Преспанскиот договор, Грција е во предност во однос на МАкедонија на Европското фудбалско првенство. Во интервју за грчкиот Star Chanel во врска со учеството на континенталниот собир на Северна Македонија како „Македонија“ тој вели дека само македонските ТВ-коментатори ја нарекуваат земјата така, додека оние од останатите земји го користат уставното име.
- Ако не постоеше Договорот од Преспа, сите земји во светот и коментаторите на телевизиските мрежи ќе кажеа дека „Македонија“ игра, сега тие велат дека игра „Северна Македонија“. И ова е напишано насекаде. Ова е во наш прилог“, рече Ципрас.
Лидерот на СИРИЗА понатаму вели дека „Фудбалската федерација на Македонија“ не е должна да го промени своето лого, но може доколку тоа сака да го направи.
„Таму се дискутира за амблемот. Фудбалската федерација во Северна Македонија е тело кое потпаѓа под приватно право. Сепак, како здружение, таа би можела да го смени своето име, ако грчката влада притиснеше на време врз основа на добра волја и договор што ќе ги поставува принципите, но тоа треба да се спроведе“ додаде Ципрас.
