АЛЕКСЕЈ, ДУШО, ЧИЧКО ОРЦЕ НЕ ТЕ ОСТАВА! ТИ ЌЕ ЖИВЕЕШ!: За тригодишното момче треба да се соберат 19 илјади евра, Ѓорѓиевски со апел на социјалните мрежи
Тригодишниот Алексеј боледува од хипоксична енцефалопатија, ретка болест заради која, на мозокот му недостасува кислород и која создава ризик од многу посериозни последици.
За да се лекува малиот Алексеј, а за што се потребни 19 илјади евра, со апел излезе и градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
„Алексеј, душо, чичко Орце не те остава!
Ти ќе живееш!
Почитувани мои, ве молам за малку внимание овде:Оваа мала душа, се вика Алексеј и има само 3 годинки. Дека е едно од најслатките дечиња говори и сликата која ја гледате во прилог.
Тој денес има потреба од нас за да биде жив и здрав и да има безгрижно детство, како сите останати дечиња. Тој го заслужува тоа!
За жал, дијагностицирана му е хипоксична енцефалопатија - ретка болест која на мозочето на Алексеј му недостасува кислород и која создава ризик од многу посериозни последици.
За да ова златно детенце продолжи да живее, ние сите заедно мора да собереме 19.000 евра за да своето лекување го продолжи во болницата ,,Лив Хоспитал” во Турција каде што ќе му бидат пресадени матични клетки.
Ние сите заедно, во име на хуманоста мора да се сплотиме!
За таа цел, на ФЕСТИВАЛОТ НА ИНКЛУЗИЈА кој започнува утре и ќе трае следните три дена, ќе бидат ПОСТАВЕНИ КУТИИ каде што секој посетител ќе може да даде свој доброволен прилог за лекувањето на Алексеј
143 132 за корисниците на Телеком.
АЛЕКСЕЈ АНАСТАСОВСКИ
IBAN-MK07250780007344136
SWIFT-INSBMK22, SPARKASSE
Знам дека мојот народ во Македонија е хуман и солидарен и многу пати го докажал тоа, ајде тоа повторно да го направиме за Алексеј!“, напиша во апелот градоначалникот.
