Економија, финансии, бизнис

Контакт

Александрос Маљас: Груевски со Грција водеше политика на антиквизација, очекувам Заев да не го следи примерот

Александрос Маљас: Груевски со Грција водеше политика на антиквизација, очекувам Заев да не го следи примерот

По посетата на министерот Никола Димитров на официјална Атина се очекува интензивирање на преговорите на релација Атина-Скопје околу разликите за името. Во однос на овој долгогодишен спор, како и за можноста Македонија да влезе во НАТО под привремената референца ПЈРМ во емисијата Фактор24 мислење и став даде Првиот амбасадор на Грција во Скопје Александрос Маљас кој се надева дека владата на Заев нема да води иритирачки политики како екс премиерот Груевски

Груевски сите години водеше политика на антиквизација со цел да ја иритира Грција

„Двоецот Груевски - Иванов водеа доминантна официјална политика во нивната стратегија како одговор  на аспирациите на нивниот народ, влез во НАТО и Европската унија и освојување на срцата и умовите на Грците ...

Оваа политика на "антиквизација" е националистичка политика која траеше единаесет години (2006-2017) во спорот под премиерот Никола Груевски, во голема мера поддржана од страна на неговата партија ВМРО; таа исто така беше поддржана од страна на важна група личности вклучувајќи амбасадори и други високи функционери. Да бидеме јасни: Никола Груевски воопшто не беше сам во оваа ирационална и скапа кампања.

Тој го стори тоа за целите на наводното градење на домашниот идентитет и за да ја иритира Грција. Антиквизацијата исто така, доби значајна поддршка од страна на Славомакедонската дијаспора во САД, Канада и Австралија. Значи, залудно очекуве сите оние кои му даваа поддршка на Груевски да го забават темпото и да се дистанцираат од таа катастрофална политика. Тој е сега прилично осамен, но тој беше далеку од осамен многу години по ред.
Во последно време, некои во Скопје, тврдат дека "антиквизацијата", беше реакција на ПЈРМ на самитот на НАТО во Букурешт (3 Април 2008).
Фактите се многу различни. Навистина. Уште во јануари 2007 година, неколку месеци пред Самитот во Букурешт, Владата во Скопје одлучи да го именува автопатот кој го поврзува Скопје со Солун (дел од Пан-европскиот Коридор X) како "Автопат Александар Велики") и го преименуваа Меѓународниот аеродром Петровец во "Александар Велики". Првичната одлука за интензивирање на политика на "антиквизација" беше усвоена во почетокот на 2007 година на затворена седница со потесниот круг на Никола Груевски, потенцира амбасадорот на Грција во земјава.

Маљас се надева дека владата на Заев нема да игра тактики како Груевски.

„Премиерот Зоран Заев неодамна се дистанцираше од провокативни акции на режимот на Груевски за кои призна дека се насочени против Грција. Сепак, тој рече дека не е подготвен да отстранува статуи. Со други зборови, тој ги задржува силните симболи на провокациите на Груевски.
Зоран Заев, новоименуваниот премиер недвосмислено се стави во полза на поплаките на Грција јавно признавајќи дека "претходната влада на Никола Груевски ја провоцирала Грција со поставување статуи на историски личности (Александар Велики, Филип Македонски, итн), како и преименувањето на главните патишта и аеродромот во земјата ". Зборувајќи на државната телевизија, господинот Заев рече дека" овие потези биле уште еден чин кој доведе до влошување на односите со Грција и вети дека ќе го запре усвојувањето на ваквата политика ". Сепак, на прашањето дали тој ќе ги урне господинот Заев одговори негативно.
Оваа инхерентна контрадикција покажува дека и покрај тоа што се дистанцира од поранешниот премиер Груевски, Заев нема намерата да ја  промени статус кво ситуацијата“, вели амбасадорот Маљас.

Ставот на Грција околу спорот со името останува непроменет

Во случај на Атина и Скопје сега да ги подигнат очекувањата премногу високи, тие брзо може да се соочат со дилеми, неуспеси и на крај илузии.

„Секој позитивен сигнал сега од Скопје е добредојден и ќе наиде на реципроцитет. Во интерес на Грција е да го види територијалниот интегритет, суверенитет и единство на нашиот сосед зачувани и навистина зацементирани.
Исто така во интерес на Грција е да се постигне договор за прашањето за името, врз основа на взаемно прифатливо решение .
Од избивањето на конфликтот во 2001 година, до неодамнешната криза, Грција е гласна и недвосмислена во давањето на својата поддршка на територијалниот интегритет, суверенитет и единство на ПЈРМ.
Атина исто така апелираше до соседите и ги охрабри да се придржуваат на принципот на немешање во нејзините внатрешни работи.
Важно е да се ангажира новата влада во Скопје, да го засили процесот на нови мерки на градење доверба и да истражи на мирен начин дали промената на власта , имплицира исто така и промена на политиките.
Исто така се наметнува потребата итно да се дојде до решение за прашњето за името . Јас искрено се надевам, иако без прекумерен оптимизам, дека новата влада во Скопје ќе биде прагматична и со птворен ум во овој поглед. 
Свесен сум дека членството во НАТО е приоритет на новата Влада. Според тоа решавање на прашањето за името со компромисна формула „сложено име со географско име за сите употреби“ нормално треба да биде врвен приоритет. Меѓутоа потсетува, дека оваа формула предложена од Атина уште во септември 2007 година, не е едногласно прифатена во Грција“, потенцира Александрос Маљас.


политика на антиквизација

Слично

Поврзани вести