Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Александар Велики“ официјално станува „International Airport Skopje“

„Александар Велики“ официјално станува „International Airport Skopje“

Во „Службен весник“  вчера беа  објавени одлуките на Владата за преименување на аеродромот „Александар Велики“ и автопатот од Табановце до граничниот премин Богородица.

Аеродромот  „Александар Велики“ е преименуван во  „Меѓународен Аеродром Скопје“ или во транскрипција, испишано на англиски јазик „International Airport Skopje“.

Одлуката треба да биде доставена до Министерството за транспорт и врски, до „ТАВ Македонија ДООЕЛ“ Скопје и до АД за аеродромски услуги ,,Аеродроми на Македонија“, за спроведување активности кои произлегуваат од нејзино реализирање.


Објавена е и одлуката за името на автопатот А1 од граничниот премин Табановце до граничниот премин Богородица (Коридор X), според која, новиот назив ќе гласи „Пријателство“.


Слично

Поврзани вести