„Александар Велики“ и „Св.Апостол Павле“ го надминаа милионот
Повеќе од еден милион патници поминале низ македонските аеродроми минатата година. Ова претставува зголемување на вкупниот број на патници на двата аеродрома „Александар Велики“ - Скопје и „Св. Апостол Павле“ - Охрид за 17, 4 проценти во споредба со 2012-та година.
„Во 2013 година имавме вкупно еден милион 59 илјади 588 патници. Тоа е добар пораст, можеби најдобар во регионот. Ќе беше уште поголем, но поради временските услови во декември имавме мал пад“, изјави денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, давајќи отчет за сработеното во изминатата година.Во текот на минатата година, нискобуџетската компанија „Визер“ од Скопје реализираше летови кон осум нови дестинации, а аеродромот „Александар Велики“ беше прогласен од Меѓународниот аеродромски совет за најдобар аеродром во Европа во категоријата аеродроми до два милиони патници. Меѓу реализираните активности во делот на воздухопловството стапи на сила и Спогодбата за воздушен сообраќај меѓу Македонија и САД.
Слично
