Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Александар Велики“ го доби милионитиот патник

„Александар Велики“ го доби милионитиот патник
Низ аеродромот „Александар Велики“ во Скопје поминаа еден милион патници. Скопјанката Јана Ивановска која напладне пристигна со летот на авиокомпанијата Визер на релацијата Ајнтховен – Скопје е милионитиот патник на аеродромот. Како награда ќе добие викенд-патување за двајца во Истанбул и парична награда. На пречекот на милионитиот патник денеска присуствуваа раководството на концесионерот ТАВ Македонија, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Аеродромот „Александар Велики“ беше модернизиран во септември 2011 година со инвестиција од околу 100 милиони евра на концесионерот турски ТАВ.
Слично

Поврзани вести