Александар Трајковски се виде на сите снимки на судењето
Александар Трајковски го има безмалку на сите снимки обезбедени од МВР кои прикажуваат како советникот во општина Гази Баба и вработен во Царинската управа ги охрабрува учесниците во нередите пред општина Центар во 2013-та за време на фамозната седница на која требаше да се расправа за промена на урбанистичкиот план.
Активистот кој беше затекнат заедно со Никола Груевски во првата фотографија што беше објавена од поранешниот премиер на Македонија како азилант во Будимпешта ги гледаше снимките како присутен на рочиштето за предметот наречен „Шамари во Центар“.
За случајот „шамари во Центар“, покрај Трајковски, за поттикнување на насилство им се суди на екс министерот Миле Јанакиески и тогашната советничка Даниела Рангелова и во отсуство на Никола Груевски, а на осуммина други за извршеното насилство.
