Економија, финансии, бизнис

Контакт

Александар Трајановски влегува во трката за градоначалник на Скопје, откри која е неговата визија

Александар Трајановски влегува во трката за градоначалник на Скопје, откри која е неговата визија

Александар Трајановски на Фејсбук објави дека ја прифаќа кандидатурата за градоначалник на Скопје, од коалицијата ГРОМ, ЛДП, Интегра и ПЦЕР.

Вели дека по 8 години активно работење во Советот на Град Скопје, со бројни иницијативи, предлози и проекти со средби и размена на искуства со градоначалници од повеќе од 30 европски градови, како и со учество на обуки и семинари за развој и унапредување на локалната самоуправа, денес е подготвен да понуди конкретни решенија за проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните, градот и јавните претпријатија.

„Особено ми е чест што како носител на нашата листа ќе биде  Ристо Пенов, човек кој веќе остави длабок белег на овој град. Заедно ќе понудиме конкретни и ефикасни решенија за подобар живот во главниот град“, пишува тој. 

Во продолжение наведе и која е неговата визија за Скопје. 



фото Фејсбук/Александар Трајановски

Слично

Поврзани вести