Економија, финансии, бизнис

Контакт

Александар Трајановски поставен за директор на местото на Илир Хасани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Александар Трајановски поставен за директор на местото на Илир Хасани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Д-р Александар Трајановски е поставен за нов директор на Универзитетска Kлиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) на местото на Илир Хасани, кој во меѓувреме стана заменик-министер за здравство

Трајановски на оваа позиција доаѓа како вработен на Клиниката за ортопедски болести  од 2011 година.  Дипломирал во 2006 година на Медицинскиот Факултет, при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.  Во 2012 година завршува специјализација по ортопедија, а во 2019 година ја завршува и субспецијализацијата по трауматологија на истиот факултет.

Едуцирањето го продолжил на Универзитетскиот Клинички центар во Љубљана, Словенија, и во болницата Аџибадем Истанбул, Турција. Министерството за здравство информира дека тој е учесник во научни проекти, автор и коавтор на повеќе научни публикации.


Слично

Поврзани вести