Александар Станковиќ од ХТВ: Најголемите приватни телевизии ги финансираше Агрокор
Хрватскиот новинарски бренд Александар Станковиќ кoj работи за ХТВ за Фактор магазин изјави дека не сака да се дружи со политичари, освен ако не мора.
Тој рече дека првото интервју го направил со поранешниот хравтски премиер, Иво Сандер, но пред 18 години не можел да знае дека потаму тој ќе биде гонет за сериозни злоупотреби.
Новинарот вели дека хрватските тајкуни ги финансираат партиите, а кога ќе дојдат на власт тие им враќаат.
„Можам да наведам многу пластичен пример. Агрокор до пред година дена беше чиста фирма. Никој не ја доведуваше во прашање. Потоа се појави еден човек кој направи документарен филм за Агрокор. Тој се вика Дарио Јуричан. Тој филм отиде во независна продукција. Не е емитуван во главните кина во Хрватска, туку во независните. Малку по малку вистината за Агрокор почна да излегува на површина. Таа приказна која тој новинар ја направи, повеќе приватни телевизии не сакаа да ја објават. Дарио Јуричан кој го направи филмот за Агрокор не можеше да гостува за најголемите приватни телевизии, од едноставна причина затоа што ги финансираше Агрокор. Можеше да дојде кај мене во емисија, затоа што ХРТ не ја финансира Агрокор. ХРТ се финансира 91% од претплата“ - вели тој.
Станковиќ вели дека не се сите медиуми такви, но има економски притисок.
За својата работа вели дека самиот одлучува кој ќе дојде како гостин во 99% од случаите. Ако му се мешаат во работата, вели дека не би работел воопшто.
