Економија, финансии, бизнис

Контакт

Александар Шаленберг утре во Македонија

Александар Шаленберг утре во Македонија

Шефот на австриската дипломатија, Александер Шаленберг, утре ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Министерството за надворешни работи потврди дека сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Австрија ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров, со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Според агендата, тема на разговорите ќе бидат севкупните билатерални политички односи, економската и трговската соработка меѓу двете земји, како и европската перспектива на Македонија.

Ќе бидат разменети и мислења за регионалната соработка, состојбите во ЈИЕ и други актуелни регионални и меѓународни прашања.


Слично

Поврзани вести