Економија, финансии, бизнис

Контакт

AЛЕКСАНДАР ПАНДОВ: Неопходни се инвестиции во македонскиот затворски систем

AЛЕКСАНДАР ПАНДОВ: Неопходни се инвестиции во македонскиот затворски систем

Првиот човек на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов вели дека се неопходни инвестиции во затворите. Додава дека од 12 казнено поправни установи во Македонија некои се од европски, но има и од латино американски тип кои не можат да ги задоволат ниту основните потреби за престој на осудените лица.

По извршениот увид на затворите, Пандов констатирал дека имало и самоволие во дел од установите. 

„Се однесувале во духот на Луј 14. Тие како директори се заживувале дека се сопственици, дека тоа се приватни нивни затвори и така ги третирале затворениците. Имало затворници кои сме ги воделе како граѓани на Р. Македонија дека се во затвор, а не претстојувале во затвор“, додаде Пандов.

Во мометот околу 130 осудени лица се водат како бегалци, но не затоа што извршиле класично бегство, туку не се вратиле од викенд отсуство.

Слично

Поврзани вести