Александар Пандов нема да се вакцинира со АстраЗенека, или само ако го види Заев и Филипче како се вакцинираат со неа
Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, објкави дека нема да се вакцинира со вакцината на АстраЗенека, иако, како што пишува, сака да се вакцинира и ќе повикува на вакцинација.
Тој на својот фејсбук профил изнесе погрдни зборови за сегашната владејачка гарнитура, нагласувајќи дека ако ја донессат вакцината на АстраЗенека, тој ќе биде во редот на антиваксерите.
„Да се разбереме. Сакам да се вакцинирам и ќе повикувам на вакцинација, ако некогаш и дојдат вакцини во Македонија, со оваа власт. За разлика од Заев и Филипче, мене ми е тотално неважно дали вакцината била произведена на запад или исток.
Но, ќе ми биде многу важно ако неспособниве ја донесат онаа на АстраЗенека. Тогаш не само што самиот не би се вакцинирал со неа, туку ќе бидам на прва линија со антиваксерите.
Всушност, еве може и со неа, ако ги видам Заев, Пендаровски, Флипче, Ахмети и Шеќеринска како се вакцинираат со вакцини од АстраЗенека!
П.С. Договорот не важи ако повторно се глупираат и не прават малоумни ко Филипче, па као се вакцинираат, а иглата е со капаче. А ги знаеме што шанери се!“, напиша Александар Пандов на својот фејсбук профил.
Слично
