АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ: Ова е награда од Заев за Мијалков, им даваме 24 часа да го обезбедат бегалецот од правдата
Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес конференција рече дека на власта и дава 24 часа да го донесе во земјава бегалецот од правдата Сашо Мијалков.
„Криминалната коалиција што ја обзнанивме на 22 октомври 2018 година, Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков, во изминатиот викенд ја доби својата кулминација. На тој датум, кога го исклучивме Сашо Мијалков од ВМРО-ДПМНЕ, јавно обзнанивме за таа криминална коалиција, која не само во овие три години, туку 15-тина години наназад работи на уништување на Македонија. Наградата за тоа од Зоран Заев стигна на тој начин што му овозможи да избега од правдата. Сега имаме бегалец од правдата.
Оливер Спасовски молчи, Радмила Шекеринска ја нема никаде, а Зоран Заев жали и ја префрла вината.
Имаат 24 часа да го обезбедат бегалецот од правдата. 24 часа Заев, Спасовски, и останатите од Владата, да го обезбедат бегалецот од правдата“, рече Николоски.
Тој не очекува дека ќе го испорачаат за 24 часа.
„Очигледно е дека се работи за договор, во стилот на Пабло Ескобар“, рече Николоски.
Тој обзнани и за разговорите за ново парламентарно мнозинство, за кои рече дека се во тек.
„Подолг временски период јавно кажуваме, не криеме дека разговараме со пратеници кои се дел од владејачкото мниозинство, а не припаѓаат на СДСМ или ДУИ за формирање на ново парламентарно мнозинство. Таа операција уште не е завршена но е во тек и очекувам да финишира со рушење на оваа Влада и создавање на ново парламентарно мнозинство. Потешкотиите кои оваа Влада ги има со обезбедување кворум се уште една потврда на ова што го зборуваме.
Времето ќе покаже дали има или не ново парламентарно мнозинство. Логичното прашање е - ако мнозинството е стабилно, зиошто Собранието веќе четврта недела не одржувса пленарни седници, а одговорот е едноставен, затоа што немаат да изгласаат дневен ред, а не можат затоа што немаат мнозинство. Така што, она што можам да го потврдам воп моментов е дека немаат мнозинство. Дали има ново парламентарно мнозинство, во моментиов рабнотиме на тоа. Кога ќе има, ќе ве информираме“, рече Николовски.
