Економија, финансии, бизнис

Контакт

Александар Николовски нема да му плати 500 евра на Вице Заев

Александар Николовски нема да му плати 500 евра на Вице Заев

Sудијата Кети Германова од Граѓанскиот суд објави дека потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, е делумно виновен како тужен од страна на Вице Заев, братот на премиерот Зоран Заев.

Николовски е прогласен за виновен за тврдењето дека бизнисменот местел тендери и тоа во случај без да има докази, односно да ги провери фактите, но нема да ја плати штетата од 500 евра која ја бараше Вице Заев.

Николовски рече дека делумно е задоволен од одлуката на Судот, но и дека тоа било компромис за да му се угоди на братот на премиерот, односно тој да добие морална сатисфакција и најави жалба до Апелација.

Вице Заев не присуствуваше на донесувањето на одлуката.


Слично

Поврзани вести