АЛЕКСАНДАР, НИКОЛА, МАРИЈА: Кои се најчестите имиња во Македонија?
Александар и Никола се едни од најчестите македонски машки имиња, додека кај женските, Марија е едно од најзастапените.
Александар, едно од најпопуларните машки имиња кај нас во базата на Државниот завод за статистика(ДЗС) се појавува 20.934 пати. Името Никола се појавува 14.665 пати.
Стефан е име кое се појавува 9.663 пати во базата на ДЗС. Филип е име кое го носат 9.484 лица. Понатаму, 9.000 наши граѓани се викаат Петар. Михаил е име што се појавува 4.681 пат. Лука се појавува 4.547 пати, Јован се појавува 7.658 пати. Давид се појавува 6.221 пати во базата на ДЗС. Мухамед пак е име кое се појавува 3.785 пати во базата. Денис се појавува 2.277 пати во податоците на ДЗС.
Марија е популарно женско име и во земјава ова име го носат 19.784 женски лица. Елена е име што во базата на ДЗС се сретнува 11.623 пати. Ана се појавува 8.196 пати. Сузана е исто така често име кое се појавува 7.811 пати, а Ивана се појавува 7.621 пати. Јана е името што се повторува 5.282 пати. Софија се појавува 4.611 пати, а Александра се појавува 8.801 пат. Михаела се викаат 2.873 лица во Македонија. Хана се викаат 2.333 женски лица. Евдокија пак е едно од поретките имиња и него го носат 161 женско лице.
Името Сара се повторува 8.590 пати. Името Јасмина се појавува 4.033 пати. Лидија се појавува 4.751 пати, Јулијана се појавува 2.433 пати, Бисера се појавува 2.096 пати.
Анастасија се појавува 4.645 пати. Маја се појавува 6.712 пати во базата на ДЗС. Мила се појавува 4.147 пати.
Стојне е име кое се појавува 50 пати во базата. Гонце е ретко име кое го носат 31 женско лице.
Вукашин, името кое го користат припадници на српската заедница се појавува 125 пати, Урош 126 пати, а Владан 120 пати. Граѓаните кои се во мешани бракови користат и интернационални имиња за своите деца.
„Јас сум Хрватка, но моето дете носи руско име. Анте, Иво, Стипе, Хрвоје се типично хрватски имиња и ги користат припадниците на хрватската заедница, но сега времињата се сменија и помладите користат интернационални имиња“, вели Хрватка која живее во Македонија.
Во државата има 84 луѓе со името Анте, Стипе се викаат 6 луѓе, Хрвоје се појавува 8 пати, а Иво се викаат 751 лице.
Но, има и странски имиња кои се појавуваат во помал број. Во државата има 115 луѓе со име Мишел, Олег се викаат 457 луѓе, Олександр се појавува 35 пати, Ричард 29, Леонардо се појавува 384 пати, Афродита се појавува 548 пати, додека Агапи се појавува 24 пати, Урсула 6 пати. Ајман е име што се појавува 79 пати. Дион е машко име што се појавува 575 пати.
Сања Атанасовска
