Економија, финансии, бизнис

Контакт

Александар Герасимовски: Не сакам да ме поврзуваат со Бектеши и злоупотребуваат за политички цели

Александар Герасимовски: Не сакам да ме поврзуваат со Бектеши и злоупотребуваат за политички цели

-Јас ги замолувам сите медиуми што објавија ваква или слична вест без мое знаење и моја согласност да ги повлечат-пишува на Фејсбук Александар Герасимовски.

„Немам никаква врска со министерот и не сакам да ме поврзуваат во било каква конотација со него или со било кој друг. Разни портали и личности се поврзуваат на моја изјава од пред една година на порталот fakulteti.mk и ме злоупотребуваат за нивни политички цели . Освен таму не сум дал никаква изјава на никого“, додава Герасимовски потенцирајќи дека во меѓувреме магистрирал и се вработил, а политичките случувања воопшто не го интересираат.


Името на ова момче вчера го објавија неколку медиуми посочувајќи дека наместо да биде вработен тој, во МЕПСО е вработена сестрата на министер.

Пред некое време стана јасно дека сестрата на министерот за економија Крешник Бектеши е една од низата нововработени во државниот електропреносник МЕПСО. 

Слично

Поврзани вести