Александар, Филип и Триумфална следни на тапет за отстранување
Претседателот на Работната група Мирослав Грчев открива дека ќе се води постапка за утврдување дали спомениците „Воин на коњ“ за кој е познато дека го претставува Александар Македонски, потоа Филип и триумфалната „Порта Македонја“ се законски поставени. Доколку се утврди прекршување на процедурите тогаш е можно и нивно дислоцирање.
„По завршувањето на комплетните елаборати за спомениците ‘Ќосето’ и ‘Мајка Тереза’ била утврдена нерегуларност од повеќе аспекти, и дека следни на увид се спомениците ‘Воин на коњ’, ‘Филип’ и ‘Порта Македонија’ каде најгрубо била прекршена основната законска регулатива, бидејќи Собранието не одлучувало за нив иако така наложува законската постапка, со што е прекршен Уставот и затоа по завршување на елаборатите тие споменици ќе треба да бидат отстранети“, изјави Грчев.
„Доколку се утврди дека некој од спомениците треба да се отстрани, тоа ќе се направи согласно законските процедури, а не преку ноќ, како што тоа го правеше претходната власт со поставувањето на спомениците“, посочија од Министерството за култура.
Потегот за целосно отстранување на поставените споменици може да придонесе за нови тензии во општеството.