Александар Донев директор на затворот „Идризово“ на местото на Боби Мојсоски
Александар Донев е назначен од Владата за вршител на должноста директор на казнено поправната установа „Идризово“ на местото на Боби Мојсоски, кој во меѓувреме стана пратеник во македонското Собрание по парламентарните избори на 15 јули, а исто така ја извршуваше функцијата како в.д.
Донев е искусен кадар пред пензионирање кој е вработен во најголемиот затвор во Македонија, а доаѓа како кадар на ВМРО-НП.
Ова ќе му биде трет пат да го раководи „Идризово“, а познат е по тоа што во 2007 беше разрешен од оваа функција по бегството на командант Џејми Шеј, иако потоа Џемаил Хисени беше повторно вратен назад во ќелија.
А.К.
Слично
