Економија, финансии, бизнис

Контакт

Александар Диневски вратен во затворот Идризово

Александар Диневски вратен во затворот  Идризово

Александар Диневски денеска по налог на судот е вратен на издржување на казна затвор во КПУ Идризово од 3 години и 6 месеци. Тој е осуден за злосторничко здружување и шпионажа.

Тој е еден од обвинетите во случајот „Шпион“, а неколку месеци беше на слобода, чекајќи ја одлуката на Апелацискиот суд, кој делумно ја потврди првостепената пресуда. Казните беа само намалени за неколку месеци.

Здравствената состојба на Диневски беше нарушена и по излегувањето од затвор каде што делумно веќе ја издржа казната затвор.

Диневски е поранешен разузнувач, вработен во МВР.

Слично

Поврзани вести