Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанско МНР: Судири и сцени на насилство се неприфатливи

Албанско МНР: Судири и сцени на насилство се неприфатливи

Албанското Министерство за надворешни работи преку соопштение  изрази загриженост за насилствата во Собранието во Македонија.

„Таквите судири и сцени на насилство против претставници избрани од граѓаните на Македонија се неприфатливи и не се достојни за парламентарна демократија. Насилството воопшто не помага во решавање на настаната ситуација. Ги повикуваме силите за безбедност да се вклучат во зачувување на јавниот ред и безбедноста на граѓаните и на нивните претставници“ - се вели во соопштението.

МНР на Албанија ги повикува политичарите да покажат умереност и да избегнат реторика што би можеле да додаде гориво во напнатата ситуација.

Оттаму додаваат дека македонските граѓани очекуваат дека на кризата ќе ѝ дојде крајот што е можно поскоро и институциите ќе продолжат со нивното нормално функционирање, за соживот и за меѓуетничка хармонија, како и за евро-атлантски напредок на земјата. 

Слично

Поврзани вести