Албанските лидери од Македонија повторно на гости кај Рама
Лидерите на албанските партии од земјава пак ќе одат на средба во Тирана.
Албанскиот премиер, Еди Рама повторно ги свика на средба лидерите на албанските партии од Македонија.
Рама ќе се сретне со Али Ахмети од ДУИ, Билал Касами од БЕСА, Зијдин Села од Алијансата на Албанците и Мендух Тачи од ДПА. Ова го пишуваат албанските медиуми.
Сите албански партии треба да направат заедничка платформа за обединување на Албанците во Македонија.
Оваа средба ќе се случи на само десетина дена по првата, одржана по изборите од 11 декември. Рама претходно им честиташе на албанските партии за освоените пратенички места.
Слично
