„АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК СЕ ОСКВЕРНУВА ВО СЕКОЈА ИНСТИТУЦИЈА“: Османи вели Уставен суд прави последни подготовки за поништување на албанскиот како службен јазик
Бујар Османи, од ДУИ и поранешен министер за надворешни работи вели дека инспекторите за јазици влегуваат во шестиот месец без плати и нагласува дека албанскиот јазик се осквернува во секоја институција.
„Додека Уставниот суд ги прави последните подготовки за поништување на албанскиот јазик како службен јазик, инспекторите за јазици влегуваат во шестиот месец без плати, сè до целосно укинување на основната институција што го штити јазикот.
Во меѓувреме, албанскиот јазик се осквернува во секоја институција, како да е непријателски јазик“, напиша тој на фејсбук.
Слично
