Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албански табли и за новото име на аеродромот

Албански табли и за новото име на аеродромот

Албанската јавност во Македонија беше нетрпелива да се испочитуваат правилата од двојазичноста откако беа отстранети сообраќајните табли со старото име на аеродромот и потоа беа поставени нови табли кои го прикажуваат „Меѓународниот аеродром Скопје“. претходно познат како Александар Велики.

Сега, согласно законските прописи поставени се и двојазичните табли на кои покрај на македонски и на албанск јазик е испишано новото име на скопскиот аеродром “Aeroporti Ndërkombëtar Shkup”.

Екипи на Македонија пат исто така ги отстранија таблите на кои беше испишано името автопат „Александар Македонски“ и беа поставени таблите со новото име на автопатот „Пријателство“.

Овие постапки ги донесе премиерот Зоран Заев како знак на добра волја и градење доверба со Грција и премиерот Ципрас за конечно да се реши деценискиот спор за името. 

Слично

Поврзани вести