Албански државјани во полиција поради струшката депонија
Четири лица државјани на Република Албанија се повикани на информативен разговор во струшката полициска станица во врска со последните пожари на депонијата во Струга.
Од СВР Охрид велат дека се направени разговори околу нивната евентуална инволвираност во пожарите. Сомнеж за вакво сценарио имаа и од противпожарната единица од Струга, за
што била информирана и Владата. Таа донесе одлука со која сите
расположливи средства на државата се ставаат во функција на гаснење на струшката
депонија.
Слично
