Албански државјани нелегално престојувале и работеле во Тетовско
Триесет и еден албански државјанин, кои непријавено престојувале и работеле во Tетовско се откриени и приведени по полициската акциска контрола спроведена денеска наутро.
Акциската контрола е спроведена на неколку места во Тетово, Џепчиште, Порој и Мала Речица.
Се работи за албански државјани на различна возраст од 20 до 50 години кои непријавено престојувале на подрачјето. Тие се предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.
Слично
