Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанската Влада на интерпелација за „Луково Поле“

Албанската Влада на интерпелација за „Луково Поле“
Албанската опозиција бара одговорност од Владата заради „неможноста да ја спречи реализацијата на проектот „Луково Поле“ во Македонија“. Во интерпелацијата поднесена во Парламентот, опозицијата ги истакнува тврдењата на експремиерот Сали Бериша дека владите на Албанија и Македонија имаат договор за реализација на овој енергетски проект во близина на заедничката граница, но дека документот се крие. Шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати ги отфрли ваквите тврдења. „Го повикувам јавно Бериша да ги обелодени спогодбите за кои говори ако нив ги има" , подвлече албанскиот министер, кој истакна дека Албанија треба да покаже дигнитет и дека до овој момент Радика не е меѓудржавен проблем. „Постои идеен проект, кој за да се подигне на ниво проект за реализација треба да има физибилити студија. Потоа ќе се бара согласност од државите во кои би функционирал, но и од финансиерот, за што Светската банка отворено кажа дека нема да финансира проекти за кои немаат согласност од инволвираните страни. Со меѓународните норми и Конвенции кои се потпишани и од Албанија и од Македонија не се дозволува девијација на водите", истакна Бушати пред пратениците. Со проектот „Луково Поле“ Македонија планира изградба на хидроцентрали во Националниот парк „Маврово“, во близина на границата со Албанија. Идејата предизвика протести на населението во пограничните региони, кое изрази загриженост заради влијанието на проектот врз животната средина, но и стравувања дека хидроцентралите ќе го променат текот на реката Радика.
Слично

Поврзани вести