Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанската платформа и денес точка на вриење во Собрание-жестоки препукувања ја тресат салата

Албанската платформа и денес точка на вриење во Собрание-жестоки препукувања ја тресат салата

Во Собрание ништо ново. Освен појавувањето на екс премиерот кој после недела дена се појави пред своите колеги. 

На досегашниот тек на денешната конститутивна седница и понатаму главни се репликите и контра репликите на двете опонентски партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ кои не престануваат да се караат и обвинуваат околу платформата на албанските партии.

Илија Димовски од партијата на Груевски денес најгласен.

Од собраниската говорница тој рече дека не е важно дали се вика платформа или декаларација и дека тоа е само обид да се тргне од вниманието на граѓаните содржината на документот кој што ја загрозува унитарноста на државата.

Деновиве видовме дека министерот за надворешни работи на Република Албанија не само што потврди дека има платформа туку побара истата да влезе во Уставот на Република Македонија што претставува грубо мешање во внатрешните работи на Република Македонија. Оттука колеги од СДСМ, не можеме ние да си ставиме кофа на главата и да се правиме глуви и да се убедуваме дека платформа не постои. Платформата постои, рече Димовски.

Шилегов пак во име на СДСМ ги обвини колегите од ВМРО ДПМНЕ дека шест дена претседатаваат нелегално неовластено со конститутивната седница. 

 Во Македонија создаваме многу лоша пракса откако сите парламентарни партии ги признавме изборите, a нема мирно примо-предавање на власта, рече Петре Шилегов.

Тој пак го обвини спикерот Вељаноски дека претседателствува на седница на која се создава пракса за да не може да се движат демократските процеси напред и дека тој асистира во прикривањето на одговорноста на одредени лица од ВМРО-ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести