Албанска компанија ја тужи Македонија и бара „дебела“ отштета
Албанска компанија ја тужи Македонија, бара 110 милиони долари отштета.
Шќиптарја.ком, повикувајќи се на Олигаркиа.ал пишува дека се работи за групацијата „Амадеус Груп“ во сопственост на стопанственикот Бесим Елшани и Елисабета Ѓони.
Според пишувањата, основата на спорот е изградбата на хотел и трговски центар во центарот на Скопје. Во 2014 година компанијата „Амадеус Груп“ купила парцела во центарот на Скопје од Владата на Македонија, каде што требало да се изгради хотел во барокен стил висок 16 метри. Поради спорови, се наведува во текстот, проектот не е реализиран.
foto shqiptarja.com
Слично
