АЛБАНИЈА УТРОВО СЕ ТРЕСЕ: Земјотресите ја разбудија и Македонија
Три последователни земјотреси утринава се случија во соседна Албанија.
Земјотресот е регистриран на 58 километри северозападно од Тирана на длабочина од 10 километри.
Потресите со магнитуда од 4.4, 2.7 и 3.3 степени по Рихтер беа доволно силни за да ги почувствуваа и делови од Македонија.
Еден од земјотресите бил со епицентар 12 километри северозападно од Центар Жупа.
Сите земјотреси се регистрирани околу 8 часот со разлика во период од неколку минути.
Според европскиот сеизмолошки центар, тлото на Албанија се тресело и вчера.

Слично
